LA DAMA 20-денските проѕирни мат хулахопки со обликувачки ефект се вистинското „оружје“ за моментално подобрување на вашата фигура. Благодарение на големиот процент на ликра кој го содржат, ви овозможуваат обликување на популарно наречените „проблематични делови“ на телото. Со обликувачките хулахопки добивате тонирање на пределот кај бутовите и нозете, а благодарение на инвентивното зајакнато корселе, затегање на стомакот и колковите, и ефект на подигнување на задникот. Идеален избор при носење на речиси секаков вид тесни алишта, од омилените панталони, здолништа, фустани, па сѐ до невестинскиот фустан на вашиот посебен ден.
- 20-денски
- Проѕирни хулахопки
- Мат
- Инвентивно зајакнато корселе со обликувачки ефект
- Зајакнат дел кај прстите
- Вметнато парче за големини S~M и L~XL
- Инстантно обликување на задникот, стомакот и колковите
- Благо обликување на нозете
- 1 пар во пакување
Состав:
- Нозе: 79% полиамид, 21% еластин
- Корселе: 59% полиамид, 41% еластин
Собирање: До 3%