Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk

Што е политика за колачиња (Cookies)?

Кога ќе дојдете на нашата страница или ги користите нашите услуги, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во www.ladama.mk (ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА) на нашите веб-страници и други онлајн и мобилни апликации.

Ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на која било страница на www.ladama.mk, може да добиете порака којашто ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет-страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. На известувањето има копче „Поставки за колачиња“ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите, а детално обаснување за типовите на колачиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од кој било уред во кое било време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата, некои делови од нашата страница кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња (Cookies)?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате интернет-страницата. Кога следен пат ќе ја посетите пак истата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск, или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата коишто се директно поставени од сајтот (ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА) се нарекуваат „колачиња од прва страна“. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат „колачиња од трети-страни“. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашата страница, како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА и ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема контрола врз нив и како истите ќе бидат искористени.

Зошто се користат колачињата (Cookies)?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и интернет-страницата од страна на посетителите, како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата ѝ дозволуваат на страната којашто ги поставува да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети, со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.

Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници, сѐ со цел за оптимизирање на вашето искуство на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА.

Колачиња што ние ги користиме:


  • Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата, партнерска програма (affiliate) и сл. Без овие колачиња, интернет-страницата не може да функционира исправно.
  • Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на интернет-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
  • Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со интернет-страницата преку анонимно собирање на информации.
  • Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ја прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност.
  • Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашата страница. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон www.ladama.mk. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашата страница.
  • Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашата страница, а, исто така, може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата коишто се поставени од ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога првпат ќе пристапите кон која било страница на www.ladama.mk, може да добиете порака којашто ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет-страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче „Поставки за колачиња“, со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на www.ladama.mk ќе бидат зачувани. Поточно, може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така, може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Дали добивам колачиња преку е-пораки?

Нашите е-пораки содржат колачиња коишто доставуваат информации за тоа дали сте ја отвориле електронската порака и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно двајца корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА којашто објаснува што ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за навремена информираност при евенутални промени.

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА

Датум на ажурирање 15.10.2021

Back to Top
Product has been added to your cart