Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk
Како започна сѐ?

Приказната за La Dama започна во еден семеен дом во Струмица во, сега веќе далечната, 1992 година.  

Во оваа приказна главната улога ја има еден брачен пар со претприемачки дух. 

Ова е приказна за еден брачен пар на кој не му недостигала ни машка храброст ни женска интуиција, па во својот дом го стартуваат производствениот погон на ЛД ДОО, првиот македонски производител на хулахопки. 

Зборот храброст ќе го разберат само малкумина, оние кои имале свој приватен бизнис во почетокот на 90-тите. Нова држава, ембарго, отежнат транспорт, банкарски и правен систем во зародиш, непостоење на платен промет, воена состојба во соседните земји, недостиг на финансиски средства поради несигурен банкарски систем и непостоење на систем за финансирање мали претпријатија и претприемачи, тешкотии при набавка на опрема и материјали од ЕУ, жена основач на компанија…  

Зборот интуиција во бизнисот ќе го разберат само оние кои ги води страста кон успехот – иновирање на функционален производствен систем, осмислување на производите, на големините и изгледот на пакувањата, рекламирање, пласирање и афирмација на непознат производ од нова држава, којшто треба да парира на врвните ЈУ-брендови, што во тоа време беа сеприсутни на нашиот пазар… 

Водени од интерес за технологијата и процесот за производство на хулахопки-производ кој е нежен и кревок, а сепак цврст и издржлив, и желбата да бидеш првиот кој ги има исплетено првите хулахопки произведени во Македонија, на 17.12.1992 се „родија“ првите македонски хулахопки – свилените хулахопки ЕМА, коишто првично беа пласирани под името Љубица и перлон хулахопките Марија, па, така, иако фирмата е основана во август 1992, 17.12.1992 се смета за роденден на LaDama

И потоа, сé е веќе историја низ факти….

1993 – Присуство на локалниот струмички пазар;

1994-1999 – Револуционерно излегување на домашни и меѓународни саеми, и отпочнување со организирана дистрибуција по продавници; 

1996-1998 – Префрлување во нов погон, набавка на нова опрема и збогатување на портфолиото и нијансите;

2000-2010 – Нов милениум, нови навики, нови продажни места, нови продажни акции, експанзија на дистрибуцијата на национално ниво со покриеност на целиот пазар;

2004 – Нов производствен погон направен според стандардите за енергетска ефикасност; 

Нова декада, за нови успеси….

2010 – Нова енергија и подмладување на тимот на управување со наследниците со експанзија на портфолиото и користење на современи маркетинг-тактики во продажба и топло добре дојде на микрофиберот;

2011 – 2012 – Брендинг и градење на имиџ на пазарот, врз база на опсежна анализа, нова маркетинг-стратегија, редизајн на комплетниот сет маркетинг-алатки кои го направија производот повторно победник;

 

2013 – Креирање на ново корпоративно име и лого, и класифицирање на производите во денес популарните линии: La Dama ClassicaLa Dama ElegantLa Dama Moderna, и La Dama Petite со имиџ кампањи, следени со препознатливи креативи за кои и денес се зборува;

2014 – Година на лансирање на La Dama и откривање на моќта на подарувањето. На празникот 8 Март, за помалку од 4 часа, се поделени преку 5000 La Dama подароци;

2015 – Дигитална маркетинг-револуција, нови предизвици за позиционирање на пазарот со наметнување на новиот дизајн; 

2017 – Набавка на нова опрема, растење на капацитетот на производство;

2018 – Година на новата линијата La Dama Fit, додека линијата Petite се збогатува со 20 нови детски хулахопки, и зголемување на бројот на продажни места, кој достигнува над 1000 локации; 

2019 – Расте линијата Elegant за 3 производи кои стануваат нов хит. 

Денес La Dama е препознатлив македонски бренд кој нуди одлични производи по навистина пристапни цени, бренд којшто ги следи модните трендови, го збогатува своето портфолио и, се разбира, постојано работи на целокупното La Dama искуство. 

La Dama  – бренд инспириран од жени, создаден од жени, за жените.

Бескрајна благодарност до сите кои веруваат во La Dama.

Back to Top
Product has been added to your cart