Политики за враќање
Која е вашата политика за враќање?
Имаме 15-дневна политика за размена.
Ако производот е неупотребен, неотворен и во оригиналното пакување, имате право да го вратите во рок од 15 дена.
Можете да го донесете производот во нашиот магацин за да ви бидат вратени парите.
Само пополнете го формуларот за враќање и испратете ни ги производите коишто сакате да ги вратите. Ве молиме, имајте предвид дека ние не ги плаќаме трошоците за испорака на вратените производи.
Пополнете го формуларот Барање за враќање производ и испратете го на следнава адреса:
ДПТУ Л-Д ДОО Струмица
Предмет: ВРАЌАЊЕ ПРОИЗВОД
ул. „Ѓорѓи Василев“ бр. 91,
2400 Струмица, Македонија
Процес на враќање
Производ купен кај некој од препродавачите?
Доколку сакате да ги вратите производите купени од кај некој наш трговец, ве молиме обратете се директно во продавницата во која првично сте ги купиле. Во ова сценарио, ќе важи политиката за враќање за секој соодветен трговец. Ова важи и за онлајн и за офлајн продажбата.
Фабричка грешка?
Ако мислите дека производот има фабричка грешка, може да го испратите назад кај нас.
Ако ни испратите барање, ве молиме, имајте предвид дека не е гарантирано дека ќе биде прифатено.
За да добиете замена, производот со фабричка грешка треба да ни се испрати назад, бидејќи мора да се прегледа во нашиот производствен погон. Вие ќе треба да платите за трошоците за испорака.
Ако се покаже дека станува збор за фабричка грешка, ние ќе ви ги вратиме парите и за испораката и за самиот производ. Ве молиме, имајте предвид дека враќаме максимум 130 денари за платена испорака, за која ќе треба треба да ни доставите и потврда за трошокот.
Пополнете го формуларот Барање за враќање производ и испратете го на следнава адреса:
ДПТУ Л-Д ДОО Струмица
Предмет: ВРАЌАЊЕ ПРОИЗВОД
ул.„Ѓорѓи Василев“ бр. 91,
2400 Струмица, Македонија
Дали го примивте вратениот производ?
Откако вашиот пакет ќе биде примен во нашиот магацин, тој се обработува и проверува пред да продолжиме со одобрување или одбивање на соодветното враќање.
Го цениме вашето разбирање и трпеливост, работиме што е можно побрзо. Овој процес може да трае до 14 дена.
Ве молиме, забележете дека La Dama не е одговорна за какви било предмети изгубени за време на враќањето. Затоа, силно препорачуваме да користите препорачана пошта и да ни го дадете бројот за следење на вашиот пакет за враќање.