Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk

Политики за користење на системот за електронска трговија
 
Со самиот пристап на интернет-страницата:
www.ladama.mk во сопственост на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
 
ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
 
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ
 
ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-адреса, телефонски број и слично. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
 
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
 
ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на интернет-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
 
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
 
Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку компанија за поштенски услуги на адресата која е наведена во нарачката.
 
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање на пратката.
 
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот.
 
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате на:
contact@ladama.mk.
 
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
 
ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Откако ќе се регистрирате, потребно е да се најавите на нашата интернет-страница со вашето Корисничко име и Лозинка, сите производи ќе бидат достапни да се видат со цени.

Доколку сакате некој производ да го нарачате, кликнете на името на самиот производ,
потоа наведете ја количината и ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА.

Истата постапка повторете ја и со останатите производи што ви се потребни.
Кога ќе ја завршите нарачката, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата КОШНИЧКА.

Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на ИСПРАТИ НАРАЧКА.

На вашата е-адреса ќе ви стигне потврда за вашата нарачка со листата на производи
што сте ги нарачале.

5. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ при посета на интернет-страницата на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА: www.ladama.mk

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник“) при посета на нејзината интернет-страница: www.ladama.mk (понатаму: „интернет страница“).

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет-страница и не се однесува за личните податоци што ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги собира од своите корисници на други начини.

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет-страници, до кои пристапувате преку нашaтa интернет-страница.

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет-страницата, вашата приватност целосно се почитува.

При посета на интернет-страницата, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги обработува вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет-страница, заради користење на нашите услуги и производи, како што се активирање или деактивирање на одредени услуги, регистрација, информирање за состојбата во врска со вашата сметка, електронски нарачки при онлајн продажба, електронско плаќање, наградни игри, анкети.

При електронска нарачки и плаќање, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема пристап до податоците поврзани со вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска.

За кои цели се користат собраните податоци и информации?

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги обработува Вашите лични податоци за:

  • овозможување на онлајн користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка.

  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани.
Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.

Вработените во ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани во нашата страница. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно законски предвидената постапка.

Други информации

Како корисник на Интернет-услуги треба имате предвид дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на корисниците.

При посетата на интернет-страницата од корисниците, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет-страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на Интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет-страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет-протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачиња („cookies“) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.

Со помош на колачињата ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА го следи движењето на посетителите на интернет-страницата и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет-страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет-страницата.

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме вашиот интернет-пребарувач, при следната посета на интернет-страницата. Колачињата може да ги зачуваат вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет-страници.

На интернет-страницата има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет-пребарувачот, кои корисникот ги има поставено.

Со посетата на интернет-страницата посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет-пребарувачот, преку опцијата „Поставки за колачиња“. Со притискање на копчето „Се согласувам“ или со продолжување на користење на веб-страницата, се согласувате да ги зачуваме колачињата коишто ги користи интернет-страницата: www.ladama.mk.

Во поставките на својот интернет-пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет-страницата може да не функционираат како што е предвидено.


Промени во политиката за приватност на личните податоци

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорноста периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.


Прифаќање на условите

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет-страницата: www.ladama.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет-страницата.

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА

Датум на ажурирање 15.10.2021

Back to Top
Product has been added to your cart