ИДЕИ И СОВЕТИ ЗА РЕУПОТРЕБА НА „СТАРИТЕ” La Dama ХУЛАХОПКИ
Време е да престанеме да гледаме на хулахопките како на предмет со минлива вредност, предмет за еднократна употреба, со краток животен век. Време е за поинакви идеи и совети за реупотреба на вашите износени хулахопки. Затоа, ви споделуваме веќе испробани и корисни начини коишто ќе им го продолжат животот на вашите „стари” La Dama.
Направете торбички од старите хулахопки и наполнете ги со сода бикарбона и неколку капки етерично масло. Ова брзо ќе ја отстрани непријатната миризба од вашите чевли.
Чистењето на вашата четка за коса често ви задава главоболка, но со помош на користени хулахопки тоа може да биде навистина лесно и едноставно. Исечете квадратно парче хулахопки и ставете го на основата на четката за коса. Целата ваша коса ќе се собере врз него. Штом ќе се преполни, сè што треба да направите е да го отстраните парчето.
На чешмите во домот ви се собира бигор? Земете пар стари доколенки, натопете ги во оцет, „облечете“ ја чешмата во нив и оставете да отстои. Лесно и практично, зарем не?!
Често ви се случува да не знаете до која страница сте од книгата што ја читате, а дома немате граничник?! Не очајувајте! Земете пар стари хулахопки, исечете парче од поширокиот дел и искористете го како граничник!
Љубители сте на перики, но неретко се мачите при местењето на периката?! Решението се наоѓа во вашите стари La Dama. Исечете ги „гаќите“ од старите хулахопки и искористете ги како мрежа којашто ќе ја прицврсти вашата коса, а воедно ќе ви овозможи лесно местење на периката.
Започнавте со вежбање дома, но немате еластична лента со отпор?! Земете какви било стари La Dama хулахопки, кои во својот состав содржат 21% ликра, и искористете ги како еластична лента. Вежбањето може да започне!
Подгответе ги Велигденските јајца со помош на стари хулахопки и природни намирници, како куркума, цимет, кафе, лушпи од кромид, цвекло, исушени цветчиња или гранчиња. Бонус совет за интересни и елегантни шари: користете ги мрежестите сокни и хулахопки од La Dama.
Изгубивте обетка, прстен или некој друг ситен предмет и не можете да го најдете? Наместо да ги барате ситните предмети на подот со часови, искористете ја правосмукалката. Како? Едноставно, ставете парче од старите хулахопки над цевката за вшмукување, прицврстете го и всисајте го подот или тепихот.
Смирете ја кожата со креирање едноставна овесна торбичка за туширање! Искористете го делот од стапалата на вашите стари хулахопки или доколенки, наполнете го со овес и врзете јазол на врвот. За арома, додадете лажиче кафе или цимет. Убав туш!
Парчето стари хулахопки и средството за чистење лесно може да ви се најдат при полирање метални површини, како омилениот велосипед или парчиња мебел во вашиот дом. Старите хулахопки може да ги светнат и валканите чевли.
Исечете го ластикот од старите хулахопки и искористете го за брзо, лесно и сигурно прицврстување на ќесите од корпата за отпадоци, како што е прикажано.
Фотографирањето ви е пасија?! Искористете ги старите хулахопки за да создадете подраматичен филтер ефект. Овој мал трик не е ново откритие, но некогаш не би ни помислиле дека можеме старите хулахопки да ги користиме како фотофилтер со едноставно обложување на леќата од телефонот или фотоапаратот.
Искористете ги вашите стари хулахопки за средување на намирниците во шпајзот! Кромидот, лукот и компирите може лесно да ги складирате, а притоа, поради пропустливиот материјал на хулахопките, истите ќе дишат и останат свежи и заштитени!
Обложете ја саксијата за цвеќе со парче стари хулахопки пред да ја наполните со земја. На тој начин ќе ја задржите нечистотијата во садот
Премногу лего-коцки и играчки од киндер-јајца на кои се собрало прашина? Спакувајте ги во парче стари хулахопки, врзете ги со јазол и исперете ги во машината за садови. Практично е, и не боцка!
Направете си ластици за коса од старите хулахопки, доколенки, сокни! Сѐ што ви треба се пар ножици и стари La Dama хулахопки, доколенки или сокни.
Дајте им нов живот на вашите стари хулахопки! Формирајте мека топка од старите хулахопки, смотани во клопче и подарете му ја на вашиот најдобар крзнен пријател. Играта може да започне!
Да се вклучиме заедно во ублажувањето на климатските промени со индивидуални примери и делувања. Применете ги нашите совети и споделете ги на вашите социјални медиуми со хаштаг #LaDamaReuse и означете нѐ нас @ladama.mk. А вашите идеи за реупотреба на хулахопките споделете ги со нас на contact@ladama.mk или на нашите профили на Facebook и Instagram и помогнете ни да ја збогатиме листата со ИДЕИ И СОВЕТИ ЗА РЕУПОТРЕБА НА „СТАРИТЕ” La Dama ХУЛАХОПКИ.
Само заеднички можеме да креираме вистински промени во општеството!
Со 💚
Ваша La Dama