Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk

Политики за користење на системот за електронска трговија 

Со самиот пристап на интернет-страницата: www.ladama.mk во сопственост на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА, со ЕДБ MK4027992110155 и МБ 4432649, и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија. 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница. 

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-адреса, телефонски број и слично. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни. 

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на интернет-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање. 

  1. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку компанија за поштенски услуги на адресата која е наведена во нарачката. 

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница. 

Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање на пратката. 

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот. 

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате на: contact@ladama.mk. 

  1. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. 

Откако ќе се регистрирате, потребно е да се најавите на нашата интернет-страница со вашето Корисничко име и Лозинка, сите производи ќе бидат достапни да се видат со цени. 

Доколку сакате некој производ да го нарачате, кликнете на името на самиот производ, 

потоа наведете ја количината и ДОДАЈ ВО КОШНИЧКА. 

Истата постапка повторете ја и со останатите производи што ви се потребни. 

Кога ќе ја завршите нарачката, во горниот десен агол, ќе ја видите состојбата во Вашата КОШНИЧКА. 

Кога ќе бидете сигурни за изборот и количините, притиснете на ИСПРАТИ НАРАЧКА. 

На вашата е-адреса ќе ви стигне потврда за вашата нарачка со листата на производи 

што сте ги нарачале. 

  1. ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИприпосета на интернет-страницата на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА: www.ladama.mk 

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: „корисник“) при посета на нејзината интернет-страница: www.ladama.mk (понатаму: „интернет страница“). 

Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет-страница и не се однесува за личните податоци што ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги собира од своите корисници на други начини. 

Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет-страници, до кои пристапувате преку нашaтa интернет-страница. 

Кои информации ги собираме? 

За време на посетата на интернет-страницата, вашата приватност целосно се почитува. 

При посета на интернет-страницата, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги обработува вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање на нашата интернет-страница, заради користење на нашите услуги и производи, како што се активирање или деактивирање на одредени услуги, регистрација, информирање за состојбата во врска со вашата сметка, електронски нарачки при онлајн продажба, електронско плаќање, наградни игри, анкети. 

При електронска нарачки и плаќање, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема пристап до податоците поврзани со вашата платежна картичка или сметка во банка, бидејќи тие се испраќаат директно до сертифициран процесинг центар за трансакции со платежни картички и банката преку сигурносна врска. 

За кои цели се користат собраните податоци и информации? 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ги обработува Вашите лични податоци за: 

  • овозможување на онлајн користење на нашите услуги и производи, со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата кон корисниците, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка. 
  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страницата, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа. 

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. 

Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност. 

На кој начин се врши обработката на личните податоци? 

Обработката на Вашите лични податоци ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. 

Вработените во ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци), до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани во нашата страница. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно законски предвидената постапка. 

Други информации 

Како корисник на Интернет-услуги треба имате предвид дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на корисниците. 

При посетата на интернет-страницата од корисниците, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет-страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на Интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет-страницата, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет-протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации. 

Колачиња на пребарувачот на интернет 

Колачиња („cookies“) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. 

Со помош на колачињата ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА го следи движењето на посетителите на интернет-страницата и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет-страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет-страницата. 

Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме вашиот интернет-пребарувач, при следната посета на интернет-страницата. Колачињата може да ги зачуваат вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет-страници. 

На интернет-страницата има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет-пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. 

Со посетата на интернет-страницата посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет-пребарувачот, преку опцијата „Поставки за колачиња“. Со притискање на копчето „Се согласувам“ или со продолжување на користење на веб-страницата, се согласувате да ги зачуваме колачињата коишто ги користи интернет-страницата: www.ladama.mk

Во поставките на својот интернет-пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет-страницата може да не функционираат како што е предвидено. 

Промени во политиката за приватност на личните податоци 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорноста периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените. 

Прифаќање на условите 

Со продолжување на пристапот и користењето на интернет-страницата: www.ladama.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност. 

Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет-страницата. 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА 

Датум на ажурирање 15.10.2021 

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ 

Политика за заштита на лични податоци 

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб-страницата: www.ladama.mk и објаснува како ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА („www.ladama.mk“, „нас“, „ние“ и „нашите“) ги користи вашите податоци, а се однесува на нашата интернет-страница: www.ladama.mk, мобилната верзија на интернет-страницата, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашата интернет-страница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб-страница. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страница и не ја употребувајте нашата интернет-страница. 

ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА гo задржува правото за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница. 

Прибирањето на личните податоци на оваа веб-страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци. 

Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин: 

  1. Видовина податоци кои ние ги собираме 
  2. Изборна корисникот за зачувување и употреба на податоци 
  3. Какоwww.ladama.mk ги користи податоците 
  4. Когаи како www.ladama.mk открива податоци   
  5. Какоwww.ladama.mk ги собира податоците 
  6. Безбедностна податоците 
  7. Пристапи промена на вашите податоци 
  8. Социјалнимрежи 
  9. Приватностна трети страни 
  10. Политиказа заштита на лични податоци за деца (малолетни лица) 
  11. Терминологија
  12. Времена чување на собраните податоци 
  13. Вашитеправа и контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци 
  14. Променана политиката за приватност 

____________________________________ 

  1. ВИДОВИ НА ПОДАТОЦИ КОИ НИЕ ГИ СОБИРАМЕ 

Ние собираме два вида податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашата страница, на пример кога: 

  • пристапувате или ја користите нашата страница; 
  • се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на: www.ladama.mk
  • ги отворате или одговарате на нашите е-пораки; 
  • контактирате со нашата корисничка поддршка 
  • оставате коментари на страницата; 
  • ја посетувате која било интернет-страница која прикажува наши реклами или содржини; 
  • купувате производи или услуги преку нашата страница; 
  • се поврзувате на страницата преку социјалните мрежи; 
  • давате информации на наши Бизнис провајдери; 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку интернет-страницата („Активности за Идентификација“), може да побараме да обезбедите некои податоци за вас. Не е задолжително да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку безбедносна конекција (https) преку платежниот процесинг систем на нашата банка. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. 

Подари на пријател/Купи вредносен ваучер. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга да купите ваучер за пријател, ние ќе ви го побараме името на вашиот пријател и неговата е-адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократна електронкса порака на вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да ја посети нашата интернет-страница: www.ladama.mk која ќе ги зачува овие податоци со една единствена цел – да се испрати оваа еднократна е-порака, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата за подарокот. Вашиот пријател може да нѐ контактира нас со испраќање на е-порака на: contact@ladama.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза. 

Ние ги користиме личните податоци за да ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на интернет-страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни активности, за да ја анализираме корисноста на интернет-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет-страница. Вашите коментари може да содржат лични податоци, како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од вас за да го објавиме вашето име заедно со вашиот коментар, пред објавувањето на вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страница да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така, може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со вас, спроведување на нашите договори со вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон. 

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор („URL“) на интернет-страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на интернет-страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето што го поминувате на секоја страна, термини кои сте ги користеле за пребарување на нашата интернет-страница, типот на пребарувачот, верзија и plugins што ги користите, вашиот интернет-протокол („IP“) адреса, уредот од кој пристапувате, вид и модел. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки, како „Cookies“ и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци. 

  1. ИЗБОР НА КОРИСНИКОТ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ И УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИ

Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство, вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која www.ladama.mk ја има со вас. 

(а) Промотивни е-пораки 

При самата регистрација вие имате можност да одберете дали сакате или не сакате да добивате дневни електронски пораки, известувања и промотивни е-пораки. Во кое било време можете да одберете да не добивате промотивни е-пораки од нас со следење на инструкциите кои се содржани во секоја промотивна е-порака испратена од нас. Ако не сакате да добивате Промотивни пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на „Регистација / НЕ“ во вашата корисничка сметка. Сепак, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние се уште може да ви испраќаме не-промотивни е-пораки за извршени трансакции, активности на вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку вашиот профил. 

(б) Колачиња и други технологии 

Можете да одберете како вашиот пребарувач зачувува Колачиња (Cookies) со опцијата „Поставки на колачиња“ која се појавува како Pop Up кога ја посетувате www.ladama.mk. За повеќе информации ве молиме прочитајте ја нашата „Политиката за колачиња“. 

Исто така, може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и Политиката за колачиња за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата меѓу www.ladama.mk и вашиот профил на социјалната мрежа или апликација. 

  1. ЗА КОИ ЦЕЛИ ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Ние (или нашите „Бизнис Провајдери“ во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Политика за заштита на лични податоци со цел: 

  • работење, одржување и подобрување на нашата интернет-страница и услугите кои ги нудиме, како и други програми; 
  • понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници, вклучително и комуникација базирана на геолокација; 
  • да го олесниме правењето нарачка на интернет-страницата и процесот на купување; 
  • да одговараме на вашите барања и прашања; 
  • анализа и спроведување на истражувања; 
  • да комуницираме и информираме за дополнителни работи околу www.ladama.mk и нашите бизнис соработници; 
  • да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите бизнис соработници; 
  • да администрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис соработници; 
  • да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на интернет-страницата, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите; 
  1. КОГА И КАКО ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ОТКРИВА ПОДАТОЦИ

Ние (или нашите „Бизнис Провајдери“ во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу: 

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со овластени трети лица – Бизнис Провајдери. Овие „трети лица – Бизнис Провајдери“ извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски пораки, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на интернет-страницата, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме вашите податоци со Бизнис провајдери со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на нашата банка со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да  испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола. 

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци. 

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци, ако тоа се бара со закон, и кога веруваме дека откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб-страница. 

Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со „Огласувачи“ или „Маркетинг компании“. 

  1. КАКО ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА ГИ СОБИРА ПОДАТОЦИТЕ

Податоците кои вие ги имате оставено се користат со цел да се овозможи онлајн користење на интернет-страницата на www.ladama.mk и непречено да се одвиваат сите активности по купувањето, достава на производот на саканата адреса, телефoнски контакт и други активности потребни за доставата. 

Вие ни ги оставате вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, вршите купување или искористувате купони/ваучери или на кој било начин имате интеракција со нашата страница. За целите на регистрација на корисниците, се користат следните податоци: име, презиме, телефон и е-адреса. За целите на достава се користат адреса, место на живеење и контакт број. Исто така, собираме податоци и кога нѐ контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа, собираме податоци и од други извори и на други начини со цел да го подобриме искуството. 

Еден таков начин на собирање податоци е преку Колачиња (Cookies). За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме Колачиња на вашиот компјутер. Колаче е мал текстуален податок кој е складиран на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме колачиња додека ја користитите нашата веб-страница, со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Колачињата, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. 

Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња, но вие можете да ги промените подесувањата за кои колачиња ќе ги користиме при вашата посета на интернет-страницата со опцијата „Поставки за колачиња“, за да одбиете зачувување на одредени колачиња. За повеќе информации прочитајте ја нашата „Политиката за колачиња“. 

Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашата страница или апликацијата и кога не сте логирани на нашата страница. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности. 

  1. БЕЗБЕДНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до вашите лични податоци на нашата веб-страница со внесување на вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер до кој само ние имаме пристап. 

Oбработката на личните податоци се врши преку „клауд“ услуга која е обезбедена преку „аутсорсинг“ cloud provider со кој како обработувач е склучен договор со кој во целост се почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или Европскиот економски простор согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци. 

Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат до нас. 

Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето, односно купувањето од вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме и која е сертифицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на  Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од вашата платежна картичка, единствена информација за вашата трансакција која е видлива за нас е вашето име и презиме од платежната картичка, последните 4 броја од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани. 

  1. ПРИСТАП И ПРОМЕНА НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Можете да пристапите, промените или да ги избришете вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку вашиот профил со едноставно логирање на вашиот профил и пристапување на секцијата „Моја сметка“. Единствено што не може да промените сами е Вашата е-адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на: contact@ladama.mk со е-адресата која сакате да се замени и новата адреса. 

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на: contact@ladama.mk. Вашите лични податоци ќе ги чуваме сѐ додека вашиот профил е активен. Сепак, деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на интернет-страницата поради евенутален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи. 

  1. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Друштвени јавни области 

Страницата може да биде пристапна или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да им бидат достапни и на други корисници и компании, и може да се појавуваат на други интернет-страници или веб-пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на какви било лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар. 

Поврзување преку социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Google Plus) 

www.ladama.mk им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. 

  1. ПРИВАТНОСТА НА ТРЕТИ СТРАНИ

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од вас на www.ladama.mk. Други интернет-страници кои може да бидат пристапени преку линкови од нашата страница може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашата страница пристапите до друга интернет-страница, Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа интернет-страница. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица. 

  1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ДЕЦА (МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА)

www.ladama.mk не дозволува користење на страницата од малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Страницата е дизајнирана со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на www.ladama.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години. 

  1. ТЕРМИНОЛОГИЈА

Бизнис Провајдери, се однесува на трети страни кои изведуваат бизнис операции во име на www.ladama.mk, како на пример процесирање на трансакции, комуникациски сервиси (email, испорака на пратки и сл.), маркетинг, процесирање на податоци и аналитика, платформи за рекламирање или информациско-технолошки услуги и сл. 

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи. 

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите интернет-страница, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи вашиот систем, држава и временска зона на вашиот уред, геолокација и софтвер на вашиот уред. 

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња и Податоци од паметни уреди. 

Друштвени јавни области, се однесува, збирно на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашата страница. 

Колаче, значи единствен идентификатор, најчесто составен од мали битови на текст или код. 

  1. РОК НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот. 

  1. ВАШИТЕ ПРАВА И КОНТАКТ ВО ВРСКА СО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се: 

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци 
  • право на пристап до личните податоци 
  • право на исправка и бришење на личните податоци 
  • право на ограничување на обработката на личните податоци 
  • право на приговор 

За дополнителни информации и/или остварување на вашите права за заштита на лични податоци, можете да нѐ контактирате на следнава е-адреса: contact@ladama.mk 

Во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за вашите права. 

  1. ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

Го задржуваме правото Политиката за приватност редовно да ја менуваме и дополнуваме, соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за сопствена информираност за евенутални промени. 

Датум на ажурирање: 15.10.2021 

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА 

Што е политика за колачиња (Cookies)? 

Кога ќе дојдете на нашата страница или ги користите нашите услуги, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во www.ladama.mk (ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА) на нашите веб-страници и други онлајн и мобилни апликации. 

Ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на која било страница на www.ladama.mk, може да добиете порака којашто ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет-страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. На известувањето има копче „Поставки за колачиња“ со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите, а детално обаснување за типовите на колачиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од кој било уред во кое било време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата, некои делови од нашата страница кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат. 

Што се колачиња (Cookies)? 

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога ја посетувате интернет-страницата. Кога следен пат ќе ја посетите пак истата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации, но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард диск, или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови. 

Колачињата коишто се директно поставени од сајтот (ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА) се нарекуваат „колачиња од прва страна“. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат „колачиња од трети-страни“. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашата страница, како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА и ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема контрола врз нив и како истите ќе бидат искористени. 

Зошто се користат колачињата (Cookies)? 

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и интернет-страницата од страна на посетителите, како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата ѝ дозволуваат на страната којашто ги поставува да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети, со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците. 

Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња. Некои колачиња се поставени од трети сервиси кои се појавуваат на нашите страници, сѐ со цел за оптимизирање на вашето искуство на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА

Колачиња што ние ги користиме: 

  • Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата, партнерска програма (affiliate) и сл. Без овие колачиња, интернет-страницата не може да функционира исправно. 
  • Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на интернет-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате. 
  • Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со интернет-страницата преку анонимно собирање на информации. 
  • Маркетиншки колачиња (Marketing cookies). Маркетиншките колачиња се употребуваат за следење на посетителите низ веб-страниците. Целта е да се прикажат реклами кои се релевантни и привлечни за поединечниот корисник. Врз колачињата поставени од трети лица, ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема никаква одговорност ниту надлежност и ве советуваме да ја прочитате политиката за приватност и политиката за колачиња на нашите соработници и партнери за зголемување на вашата сигурност. 
  • Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашата страница. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон www.ladama.mk. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашата страница. 
  • Social Media колачиња. Овие колачиња дозволуваат да ги интегрираме функциите од социјалните медиуми на нашата страница, а, исто така, може да се користат во маркетиншки цели. Колачињата коишто се поставени од ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА се во наша надлежност, но колачиња поставени од трети лица, во овој случај социјалните мрежи, не се во наша надлежност и ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА нема никаква одговорност спрема користењето на податоците приберени од третите лица. Ве советуваме за подобра информираност да ги пребарате и прочитате политиките за колачиња и приватност на овие трети лица за подобра ваша сигурност. 

Како да ги контролирам колачињата? 

Кога првпат ќе пристапите кон која било страница на www.ladama.mk, може да добиете порака којашто ве известува дека користиме „колачиња“. Со кликнување на „се согласувам“, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на интернет-страницата вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња. 

На известувањето има копче „Поставки за колачиња“, со цел вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на www.ladama.mk ќе бидат зачувани. Поточно, може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани. 

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така, може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач. 

Дали добивам колачиња преку е-пораки? 

Нашите е-пораки содржат колачиња коишто доставуваат информации за тоа дали сте ја отвориле електронската порака и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно двајца корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред. 

Генерални информации 

Политиката за колачиња е дел од Политиката за приватност на ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА којашто објаснува што ДПТУ Л-Д Д.О.О. СТРУМИЦА прави со собраните информации од нашите корисници. За повеќе иформации посетете ја Политиката за приватност. Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги политиките за навремена информираност при евенутални промени. 

Датум на ажурирање: 15.10.2021 

Back to Top
Product has been added to your cart