Општествена одговорност со La Dama

Брендот La Dama е инспириран од жените, создаден е од жена, за жените, со подеднаква грижа за сите оние кои ги обожуваат производите на La Dama. Во изминативе години La Dama континуирано беше вклучена во многу соработки, хуманитарни акции, донации и добротворни настани. Ви издвојуваме мал дел од нив:

Со голема љубов ја поддржавме традиционалната манифестација „Тортијада“, организирана од Здружението за лица со телесен инвалидитет „Мобилност Струмица“.

За проектот „Донираме заедно за бездомните животни“, заедно со македонската дизајнерка Ирина Тошева, направивме производство на специјално дизајнирани детски и женски хулахопки. Издвоивме донација во висина од 30% од продажбата на овие специјално дизајнирани производи, којашто беше искористена за стерилизација и лекување на бездомни животни.

Во соработка со дизајнерката Тошева го поддржавме и модниот перформанс „Sustainable Story MK,“ организиран од „Моден Викенд Скопје“ и „Македонско Модно Здружение“, за чии потреби подаривме хулахопки и чорапи.

За празникот на Струмица – традиционалната манифестација „Струмички Карневал“, континуирано подаруваме хулахопки на карневалските мажуретки, и со нашите хулахопки, кои некогаш и специјално ги правиме, активно помагаме во изработката на костимите и маските за бројни учесници на карневалот.

Со љубов работевме и за хуманитарната кампања „Среќно Матуранти“ на „Проект Среќа“, наменета за полуматурантките и матурантките од ранливите групи, за којашто подаривме над 100 сета La Dama хулахопки. Исто така, и за кампањата „Среќна Школска Година“, реализирана од „Проект Среќа“, за почетокот на училишната година на сите пријавени девојчиња им подаривме по неколку пара детски хулахопки.

Со огромна посветеност, уште од самиот почеток, безрезервно ја поддржуваме манифестацијата „Убави сме, свои сме“, организирана од Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ – Струмица.

 

Задоволство ни претставува и поддршката на жените кои поинаку го прославуваат празникот 8 Март, едни од нив се учесничките на Осмомартовското женско рели во организација на „Автомобилистичката федерација на Македонија“. Затоа и последните неколку години подаруваме La Dama подароци на сите учеснички.

Убедени дека 8 Март е празник на сите жени, со помош на Здружението „Љубезност“ организиравме донација на сет La Dama хулахопки, коишто по повод 8 Март ги подаривме на жените од ранливи категории.

Во соработка со Здружението „Борка“, реализиравме општествено одговорна кампања за борба против ракот на дојката, којашто преку пораката „Самопрегледот за рак на дојката трае исто колку и облекувањето на хулахопките!“, имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на самопрегледот, а од едномесечната продажба на нашите хулахопки издвоивме средства коишто ги дониравме во Здружението.

Како македонска компанија која верува во подобро утре, а и самата континуирано се бори со различни предизвици, безрезервно поддржуваме општествено одговорни идеи и проекти. Затоа, доколку имате идеја или проект, кои ќе придонесат за подобро општество, ве молиме контактирајте нè на: contact@ladama.mk и во предмет напишете: Општествена одговорност со La Dama.