Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk

Материјал и состав

Од што е направен производот?

Имаме различни состави во производите од нашата палета. Конкретниот состав за секој производ е наведен на соодветните страници за производот за кој сте заинтересирани во категоријата „Детали за производот“.

Користиме висококвалитетни италијански полиамидни и еластински предива во нашите хулахопки и чорапи. Повеќе информации можете да прочитате на страницата посветена на „Производство и материјали“.

Што значи ДЕНИЕ?

Дение е единица за мерење којашто се користи за одредување на дебелината на влакната на нишките или филаментите што се користат при производството на хулахопки и чорапи.

Хулахопките и чорапите со голем број ДЕНИЕ се дебели, непроѕирни, цврсти и издржливи.

Хулахопките и чорапите со мал број на ДЕНИЕ се попроѕирни, помеки и свиленкасти.

Дали производот е отпорен на кинење?

Не, нашите производи не се отпорни на кинење. Хулахопките по природа се деликатни, затоа треба соодветно да се третираат.

За да се грижите за вашите хулахопки на најдобар можен начин, ве молиме погледнете неколку корисни совети овде. 

Водич за големини

Во какви големини доаѓаат вашите производи?

Опсегот на големината на повеќето наши производи се протега од S до XL. Ова може да отстапува помеѓу производите, но можете да го потврдите со посета на соодветните страници за производот за којшто сте заинтересирани. Само достапните големини на секој производ ќе бидат наведени на соодветната страница со производи.

Некои од нашите производи, како доколенките и чорапите до глужд, се со една (универзална) големина.

Која големина треба да ја одберам?

Ако не сте сигурни за големината што треба да ја одберете, погледнете ја табелата со големини, достапна на секоја соодветна страница на производот под називот „Водич за големина“, или користете ја нашата алатка за пресметување на големина .

Со користење на кои било од овие опции, можете да видите, во зависност од вашата висина и тежина, која големина ќе ви одговара најмногу.

Ако сте помеѓу две големини, ви препорачуваме да ја изберете поголемата.

Back to Top
Product has been added to your cart