Пребарај

Подарете со љубов од ladama.mk

Грижа за хулахопки и Чорапи

Самата природа на хулахопките и чорапите ги прави деликатни и затоа тие треба да се третираат соодветно. Токму затоа ја составивме оваа листа на совети, кои доколку ги примените, ќе ви помогнат да ја зголемите долговечноста на вашите хулахопки и чорапи.

1.ИЗБОР НА ТОЧНАТА ГОЛЕМИНА

Имаме водич за големина којшто треба да го разгледате пред да ги купите хулахопките. Овој водич за големина може да се најде на секоја страница од секој производ. Воедно, имаме и алатка за пресметување на големина, којашто советуваме да ја користите. Доколку сте меѓу две големини, препорачуваме да ја купите поголемата.

2.ПРЕД ДА ГИ ОБЛЕЧЕТЕ, РАСТЕГНЕТЕ ГИ

Растегнувањето на хулахопките се прави така што од едната страна се фаќаат за делот кај стапалото, а од другата за горниот дел, и нежно се протегнуваат. Ова помага предивото да биде поподвижно и поеластично, со што полесно ќе се прилагоди на вашето тело. Препорачуваме да го правите тоа по секое перење.

3.ПРИ ОБЛЕКУВАЊЕ: ПРВО ЕДНАТА, ПА ПОТОА ДРУГАТА НОГА

Да, она досадно нешто коешто вашата мајка секогаш ви го кажувала пред да ги облечете хулахопките, и за кое била во право! Хулахопките не треба да се облекуваат на ист начин како фармерките. Следењето на овие совети ќе го продолжи нивниот живот.

Прво, осигурајте се дека вашите нокти се мазни и немате остар накит (погледнете го советот број 5).

Потоа, ставете ја едната нога во хулахопките и затегнете ја цврсто до коленото. Со тоа, оставате доволно предиво за другата нога, а, исто така, и рамномерно ги ширите хулахопките по телото.

Повторете го истиот чекор со другата нога, застанувајќи на коленото.

Дури потоа, повлечете ги хулахопките нагоре, над бутовите и колковите.

4.ВЛЕЧЕТЕ САМО ОДДОЛУ НАГОРЕ

Ако сметате дека премногу предиво е концентрирано на едно место, или дека предивото изгледа нерамномерно, соблечете ги хулахопките и повторете го процесот повторно, обидувајќи се да ги повлечете што е можно подеднакво по телото. Со ова се избегнува ризикот од оштетување на предивото и/или кинење на хулахопките.

Хулахопките треба да се тегнат само оддолу нагоре! Причината за ова правило е едноставна: концентрацијата на предивото е посилна на дното бидејќи има помала ширина.

5.НОСЕТЕ ГИ ГРИЖЛИВО

Нашите модели со понизок ДЕНИЕ број бараат поголема грижа и внимание во споредба со моделите со повисок ДЕНИЕ број.

Препорачуваме да не бидете премногу активни (т.е. возење велосипед, трчање итн.) кога ги носите нашите деликатни модели.

Препорачана грижа за сите модели е стапалата и ноктите на нозете да бидат секогаш средени.

Избегнувајте да ги допирате нозете ако носите остар накит или нешто на коешто предивото може да се закачи, и избегнувајте непотребно триење.

Иако повеќето од нашите хулахопки доаѓаат со зајакнат дел кај прстите, некои клиенти одлучуваат да облечат чорапи под хулахопките за да не бидат оштетени од ноктите, а некои носат чорапи над хулахопките за да не дојде до триење од чевлите.

6.ПЕРЕТЕ САМО КОГА ТОА Е НЕОПХОДНО

За да заштедите пари, време и да ја заштитите животната средина, најдобро е да ја перете облеката, а исто така и хулахопките, само кога е неопходно.

Препорачуваме рачно перење на хулахопките во студена вода, по секои 2-3 носења, или по потреба, со цел да ги отстраните наталожените маснотии и мртвите клетки од кожата.

Исто така, хулахопките може да се перат и во машина, на деликатен циклус, на 30 Целзиусови степени, по можност во мрежеста торба за облека.

Избегнувајте да ги перете хулахопките заедно со облека на којашто може да се закачат, како патенти, спојки, метални делови или тврди парчиња.

7.ИЗБЕГНУВАЈТЕ ОМЕКНУВАЧИ И МАШИНА ЗА СУШЕЊЕ АЛИШТА

Нема потреба да додавате омекнувачи при перење на хулахопките, бидејќи може да го оштетат еластинот.

Како и секоја деликатна облека, нашите хулахопки и чорапи најдобро ја задржуваат својата форма кога се сушат на воздух.

Целосно перење се препорачува само на секои 4-5 носења, а помеѓу перењата, се препорачува чистење само на извалканото место, со благ детергент.

Back to Top
Product has been added to your cart