LA DAMA 15-денските проѕирни мат сокни нудат удобност и чувство на втора кожа при носењето. Речиси незабележливи, во својот состав содржат 21% ликра, така што лесно се прилепуваат на вашето стапало, а широкиот и удобен ластик не дозволува нивно спуштање. Одлично се комбинираат со речиси сите стилови, од лежерен, преку деловен, сѐ до вечерен, со панталони, здолништа или омилените фармерки. Совршен избор за сандали, балетанки, салонки, чизмички. Едно пакување содржи два пара, за секојдневно лесно и среќно чекорење.
- 15-денски
- Проѕирни чорапи до глужд
- Мат
- Удобен широк ластик
- Зајакнат дел кај прстите
- 2 пара во пакување
Состав: 79% полиамид, 21% еластин
Собирање: До 3%