Женските хулахопки и чорапи се неопходност, но и моден додаток кој имал непроценливо значење низ историјата. А, така е и денес.
Имало периоди кога хулахопките на жената ѝ биле поголем сојузник од накитот и фризурата.
Тие даваат дополнителна самодоверба. Без оглед на градбата, дури 70% од жените ќе се одлучат да облечат кратко здолниште, ако облечат хулахопки.
Популарноста на најлонските хулахопки е евидентна. Во нив дамите изгледаат затегнато, мускулите доаѓаат до израз, целулитот го снемува, а кожата станува беспрекорно мазна.
La Dama е уникатна македонска приказна за хулахопките и чорапите и започнува во еден семеен дом во Струмица, во, сега веќе далечната, 1992 година.
Приказна за еден брачен пар, кому не му недостигаше машка храброст и женска интуиција, па, така тогаш, во својот дом го стартуваа производствениот погон на Л-Д ДОО, првиот македонски производител на хулахопки, и на 17.12.1992 ги имаат исплетено првите хулахопки произведени во Македонија.
Од тој почеток, до денес, се случуваат многу значајни работи за нашата компаниска историја што можете да ги прочитате во делот од страницата посветен токму на историјата.
Денес La Dama e македонски бренд на женски и детски хулахопки и чорапи, и своето долгодишно искуство и традиција на пазарот го користиме за континуирано создавање на квалитетни производи што ги задоволуваат и најспецифичните барања на македонските жени и девојки.
La Dama е создадена за чувството на удобност, елегантност и привлечност на секоја жена, и тоа е нашата најголема вредност. La Dama хулахопките се направени согласно пропорциите на македонските жени и имаат специјални додатоци за да обезбедат удобност и сигурност кај сите жени, независно од големината и формата.
La Dama е бренд кој инспирира, мотивира и поттикнува, влијае врз девојките, жените и сите дами да се „облечат“ во најдоброто и да чекорат со шарм и самодоверба.
La Dama ве прави тоа што сакате да бидете, а тоа е најголемата вредност што еден бренд може да ја поседува.
Производите на La Dama се достапни во националните супермаркети, голем број локални маркети и специјализирани продавници. За подетални информации погледнете ја нашата страница „Најди ја La Dama“.
Уште на прв поглед, хулахопките на La Dama ќе го „украдат“ вашето внимание благодарение на атрактивниот дизајн на пакувањата. Суптилните земјени тонови што преовладуваат во дизајнот на пакувањето, директно асоцираат на нежниот, но истовремено, и цврст дизајн на хулахопките коишто буквално ги галат женските нозе.
Уникатното лого на La Dama е ружата во која е профилиран женски лик, како симболичен спој на моќната и доминантна со кревката и ранлива страна на жената. Секој различен производ носи своја специфична нота, како во однос на изработката, дебелината, дезенот и бојата, така и во однос на препознатливоста на самото пакување.
La Dama е чувство за себе, самосвесност, стил, храброст и пркосење кон сите стереотипи. La Dama е жената што знае што сака и знае како да се истакне, како да ја надгради сопствената маркантност, уникатноста што секоја жена исконски ја носи во себе. La Dama е сето она што една жена треба да претставува и што се очекува од неа да биде, луцидна девојка, нежна и грижлива мајка и сопруга, одговорен професионалец, ведра пријателка.
La Dama е супер жена.
La Dama е нежна жена.
La Dama e дама.
La Dama е епицентар на секое внимание.